Учебната 2019/2020 завршува на 10 јуни – учениците дотогаш нема да се вратат во училиштата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Школската учебна 2019/2020 година практично и фактички до нејзиниот крај ќе се одвива „онлајн“, а формално ќе заврши на 10 јуни.

Оваа учебна година нема да има државна матура, како и школската матура и завршниот испит за тригодишни и четиригодишни средни училишта. Министерот за образование, Арбер Адеми додаде дека тоа нема да биде пречка за матурантите за да се запишат на домашните универзитети. Според Адеми, приемни испити ќе се организираат само за тие факултети каде постои голема конкуренциј во однос на бројот слободни места за студентите.

Сите ученици од средното образование кои треба да ја завршат оваа учебна година 2019 – 2020 и кои во текот на определениот законски рок биле пријавени да го полагаат испитот за државна матура, ќе добијат дипломи за завршување на средното образование, која ќе има тежина на државна матура, школска матура или конечниот испит. Со ова, можеме да го регулираме продолжувањето со основните студии односно во институциите на високото образование -изјави Адеми.

Меѓу другите усвоени мерки денеска во Влада е и одложувањето на роковите за упис на првачињата. Документите за прво одделение нема да се достават во мај туку во јуни. Адеми рече дека сè уште не е одлучено дали уписите ќе се бидат онлајн или со доставување на документите во училиште.

Регистрирањето на првачињата ќе се врши во јуни додека резултатите ќе се објават на 15 јули. До овој датум, ќе соопшти Државниот просветен инспекторат кои ученици не се регистрирани во прво одделение, а треба да се регистрираат според Законот за основно образование, вклучувајќи го и начелата за основното образование – рече Арбер Адеми- МОН.

Министерот Адеми рече дека учебната година 2019 – 2020 ќе заврши на 10 јуни, а до тогаш учениците нема да се вратат во училиштата туку наставата ќе се одвива онлајн поради вонредната состојба. Оценувањето на учениците ќе продолжи според правилникот на Бирото за развој на образованието. Останува нејасно дали учениците ќе се вратат во училиште на 1 септември. Според министерот Адеми се разгледуваат неколку опции, а не се исклучува можноста и следната учебна година да се одвива на растојание, ако не се подобри состојбата со Ковид 19.