Убавицата ги открива сите трикови против стареење на секси Италијанките


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанките се жени кои во животот стремат што подолго да останат млади, но природно и не премногу млади, за сето тоа да има реална смисла.

Тајните на овие полуостровски лепотици ги открива италијанскиот супермодел Маријакарла Босконо, која истовремено ги открива и своите тајни со кои му пркоси на физичкото стареење.

„Мислма дека постои тенка линија помеѓу стареењето и стареењето со достоинство, бидејќи денес имате технологија која може во голема мера да ви ги отстрани оштетувањата на кожата. Немам ништо против тоа, само мислам дека треба да се најдат вистинските луѓе кои ќе ја направат таа интервенција. Имам пријателка која ми кажа не ни помислува да ги отстранува брчките, бидејќи на нив работела цел живот. Можеби ќе ви звучам смешно, но јас себеси сум си најубава кога сум навистина среќна. Тоа е тешко да се објасни со зборови, но среќата навистина пали и како третман за убавина“, вели Маријакарла.

Според неа, Италијаните имаат еден клучен збор за сè – УЖИВАЊЕ. Тие не вежбаат премногу, не се прејадуваат, не изгладнуваат, не пијат премногу лекови и не се перфекционисти, пишува Coveteur.

Маријакарла советува дека жените треба да се негуваат и да бидат благи кон себеси. Ако решат да држат диета, тоа не треба да го прават со изгладнување, а кога вежбаат не треба да се исцрпуваат и да паѓаат во несвест од вежбање.

„Тајната на мојата нега е во пилинзите. Постојано и секојдневно ги користам, бидејќи се определив за благи производи. Задолжително правам пилинг за време на туширањето, пред да одам на спиење или наутро, штом ќе се разбудам. Потоа е сè поинаку. Обожавам и маски за очи на кои сум навлечена, бидејќи тие навистина прават чуда“, вели манекенката.