Home Вебкафе Тврди дека биле во врска 36 години: Се омажи со железничка станица (видео)

Тврди дека биле во врска 36 години: Се омажи со железничка станица (видео)

Американка „се омажи“ за железничка станица и тврди дека е во врска со неа веќе 36 години.

Карол Санта Фе (45) од Сан Диего во Калифорнија изјави дека во железничката станица се вљубила кога имала само девет години.

Иако оваа „врска“ не е законски одредена, таа се омажи за станицата во 2015 гдоина, а првата годишнина ја славеше минатиот Божик.

Госпоѓа Фе вели дека ментално води љубов со станицата и дека е свесна оти е личност која сексуално ја привлекуваат недвижнини, поточно објекти и структурата.

За венчавната таа рече дека и бил најсреќниот ден во нејзиниот живот, а секој ден доаѓа и поминува 45 минути на станицата.

– Секој ден одам околу неа, а потоа го бакнувам ѕидот, се потпирам со своето тело, секако облечена, призна таа, додавајќи дека како што со човек во јавност гола не би имала секс, така нема ниту со железничката станица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…