Home Актуелно Тројца мртви во пукање во трговски центар во Копенхаген (снимка)

Тројца мртви во пукање во трговски центар во Копенхаген (снимка)

Три лица беа убиени во вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген, соопшти полицијата, при што уапсила 22-годишен Данец и не ја исклучува можноста за тероризам.

Полицијата во Копенхаген претходно објави дека пристигнала во трговскиот центар Филдс по дојава за пукање. Таа ги советувала оние што се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.

Главната болница во Копенхаген, Ригшоспиталитет, примила на лекување „мала група пациенти“, објави нејзиниот портпарол. Тој додаде дека болницата повикала дополнителен персонал, вклучувајќи хирурзи и медицински сестри.

„Има неколку повредени и знаеме дека неколку луѓе загинале“, изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен, додавајќи дека полицијата почнала масовна потера на островот Зеланд за да утврди дали има уште напаѓачи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…