Трифун Костовски јавно бара помош за спас на Еуростандард банка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трифун Костовски, како акционер на Еуростандард банка, денеска преку јавен повик побара од сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка, Народна банка, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.

Костовски тврди дека потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор, пренесува 360 Степени.

„Доколку сакаме мир во земјава и спокој на граѓаните, мора да ги имате предвид последиците што ќе се појават во периодот кој следи, а кои таксативно ќе ги наведам. Клиентите на Еуростандард банка, кои се оштетени со оваа одлука ќе бидат целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето. Поради софтверскиот систем за исплата на пензии, неколку илјади пензионери ќе се соочат со неможноста редовно да ги добиваат своите пензии, а тоа е најранливиот слој на граѓани во Македонија. Масовни отпуштања и зголемување на невработеноста, како на вработените во Еуростандард банка, така и на вработените во Македонски пошти, поради неможноста да остварат приход и да ги заработат чесно своите примања. Ќе се врати довербата во банкарскиот систем на граѓаните кој за жал, сведочиме дека има многу нарушен кредибилитет и создава општа несигурност и за ваквиот потег се бара доблест и акција за стабилизирање на севкупната ситуација за граѓаните во Република Македонија и посебно на банкарскиот сектор“, наведува Костовски во јавниот повик.

Народната банка на 12 август ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка – Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Костовски веднаш потоа обвини дека случајот е „сценарио коешто е правено со месеци наназад за никој да не знае само блиски до тие кругови од НБ на време биле известени да си ги повлечат парите“ и најави тужба против државата и НБРМ пред меѓународен суд.

Од НБ најавија дека ќе го тужат заа изнесените невистини.