Три правила за полесно пребродување на маките кои ги предизвикува грипот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога станува збор за респираторни инфекции, а е сезона на грипот, и за ова заболување важат некои препораки кои, меѓу другото, се поврзани и со исхраната, прочистувањето на дишните патишта и некои други практики.

Неодамнешно истражување објавено во магазинот „Science Immunology“,направено од страна на професорите Акико Ивсаки и Вишва Дипкст од Универзитетот Јејл, покажува дека за полесно надминување на тегобите предизвикани од грип, како и од други респираторни функции, важат три правила и тоа: Исхрана која изобилува со масти и протеини (кето диета), туширање со пожешка вода и прочистување на грлото и носот со солен раствор.

Кето диета

Исхраната која изобилува со масти и протеини или кето диетата, според американските научници, многу благородно делува на имунитетот. Овој тип на исхрана значи дека треба да се консумира што повеќе месо, риба, јајца, млечни производи, а што помалку јаглехидрати. Кето диетата има поволно влијание врз имунитетот, бидејќи го забрзува метаболизмот и помага организмот поефикасно да се избори со вирусот.

Туширање со врела вода

Туширањето во врела вода ги ослободува дишните патишта и ги ублажува болките во коските и мускулите. Секогаш кога ќе се испотите, истуширајте се со што е можно потопла вода, а пред тоа загрејте го тоалетот. Научниците тврдат дека ова не само што ги ублажува симптомите за грип, туку и го забрзува целиот процес на закрепнување, бидејќи на овој начин се зајакнува организмот.

Солен раствор

За да ги ослободите дишните патишта, како и болката во грлото, употребувајте триотстотен солен раствор. Оваа течност, која секој може да си ја подготви во домашни услови, делува антибактериски и спречува развивање на бактериски инфекции. Имунолозите сугерираат дека прочистувањето на грлото и носот со солен раствор може да го забави понатамошното пренесување на вирусот грип.