Три иритантни работи кои паровите ги прават пред друштвото?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Постојат некои од паровите, кои му прават на друштвото во кое се наоѓаат да се чувствува непријатно. Можеби сте и вие токму таков пар?

Проверете со што заљубените парови најмногу ги нервираат своите пријатели и, ако се препознавате во тоа престанете да ги правите овие работи додека сте во друштво пред да почнат да ве избегнуваат.

Тепање

Убаво е да имате надимак за личноста која ја сакате, но тоа сепак оставете го за своите четири ѕида, бидејќи на вашите пријатели не им е ниту слатко ниту пријатно кога еден на друг си гугате во нивното друштво.

На се одговарате со ние

Поголемиот дел парови тоа го прават несвесно, особено ако заедно живеат. Како да го исфрлат зборот јас од својот вокабулар и се што прават е заеднички. Во ред е да му кажете ако навистина нешто правите заедно, но не и кога изнесувате некое мислење. Вашите пријатели тоа со време почнува да ги нервира бидејќи се чувствуваат како да сте го загубиле својот идентитет пред нив.

Постојано разменувате нежност во друштвото

Кога сте заљубени, тешко е да ги контролирате чувствата, но обидетете се да ги намалите страстите додека се во друштво. Ако претерано се мазите и бакнувате пред другите, ним ќе им биде непријатно поради што во иднина вас можат да ве избегнуваат.