Три години од автобуската трагедија кај Ласкарци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На тригодишнината од автобуската трагедија кај селото Ласкарци во која загинаа 16 лица на местото на трагедијата цвеќе ќе положи општинска делегација од Гостивар, а потоа ќе има комеморативен собир.

Според најавите од Општина Гостивар, градоначалникот во Арбен Таравари во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата на локалниот пат во село Ласкарци.

„Подоцна, во 17:30 часот ќе се одржи комеморативен собир во паркот на градскиот плоштад за да ја споделиме болката со сите оние кои ги загубија своите најблиски во трагичниот настан. Ги повикуваме членовите на семејствата, пријателите на загинатите и другите граѓани да ни се придружат“, стои во соопштението на општина Гостивар.

На собирот во 17:45 часот предвидено е да се вклучат 16 рефлектори во спомен на жртвите кои во тој термин пред три години требаше да пристигнат во Гостивар од Скопје со автобусот на превозникот „Дурмо Турс“.

Во тек е судски процес во кој треба да се утврди вината за несреќата и да утврдат причините кои довеле до неа. Половина час откако тргна со патници од Скопје кон Гостивар, автобусот на автопатот ја загуби контролата и падна на споредниот пат, пробивајќи ги заштитните огради. Од превртувањето, 16 од патниците ги загубија животите, а 35 поминаа со тешки повреди.