Тренинг за совршени нозе и задник
Убаво затегнати и оформени нозе се сон на секоја жена. Но, овој дел од телото честопати останува запоставен кога станува збор за вежбање на мускулатурата на нозете.
Жените често ги избегнуваат овие вежби бидејќи мислат дека со оптеретување, односно тегови, ќе добијат масивни и мускулести нозе како мажите. Сметаат дека нозете веќе се доволно активирани со пешачење и трчање.
Таквото мислење е сосема погрешно. Анаеробниот тренинг или тренингот со оптеретување е неопходен бидејќи со него се обликуваат мускулите, се зголемува нивната густина и сила. Сепак, тоа не е доволно за намалување на масното ткиво кое се наоѓа помеѓу кожата и мускулот. Затоа е важно овој вид тренинг да се комбинира со аеробни вежби кои го стимулираат согорувањето на мастите.
Како што темата на овој напис е насочена кон вежби за нозете, пред да ги претставиме самите вежби и нивната ефикасност, ќе споменеме неколку збора за мускулатурата на нозете.
Мускулите на надколеницата, односно бутните мускули, се делат на три главни групи: предна, медијална и задна. Најважни при оформување на нозете се квадрицепсот, глутеусот и бицепс феморисот.
Квадрицепсот е најголемиот мускул, се наоѓа на предната страна и е составен од четири глави. Главна функција му е испружување на подколеницата. Задниот бутниот мускул, глутеусот, се состои од три дела: глутеус максимус, глутеус минимус и глутеус медиус. Сите овие мускули придонесуваат за совршен изглед на задникот. Бицепс феморисот е составен од две глави и е задолжен за свиткување и ротација на подколеницата.
Во продолжение ќе ви ги претставиме најефективните вежби за оформување на нозете, со опис како се изведуваат, колку серии и колку повторувања треба да содржат.