Тренерот на Џенифер Анистон открива 5 вежби кои ја одржуваат во совршена форма дури и на 56 години
Во 56-тата година од животот, Џенифер Анистон и понатаму фасцинира со своето извајано тело, завидна енергија и природниот сјај што не избледува со времето.
Нејзината тајна, како што открива, не се напорните тренинзи, туку доследноста, балансот и правилниот однос кон телото. Нејзиниот личен тренер, Дани Коулмен, открива пет вежби кои Џенифер редовно ги практикува за да ја одржи својата сила, стабилност и мускулен тонус — без претерување и стрес за телото.
„Не станува збор за она познатото ’без болка нема резултати’. Целта е правилна активација на секој мускул, поврзување со телото и грижливо однесување кон него“, вели Џенифер.
Петте вежби во кои Џенифер Анистон се колне:
1. Чучњеви со подигање на рацете над глава
Оваа динамична вежба ги активира нозете, задникот и рамената. Џенифер користи лесни тегови за да го зголеми отпорот и истовремено работи на сила и стабилност.
2. Вежба за бутините со странично истегнување на трупот
Комбинација од движење и рамнотежа. Со помош на лизгачи, оваа вежба ги таргетира внатрешните бутови и страничните стомачни мускули, тонизирајќи и обликувајќи го торзото.
3. Зајакнување на трупот со еластична лента
Се користи П. бенд лента за да се активираат сите мускули на јадрото. Идеална е за подобра положба на телото и зајакнување без дополнителен притисок врз зглобовите.
4. Стомачни со мини топче под грбот
Малото топче се поставува под долниот дел на грбот или помеѓу бутовите, што овозможува поголем интензитет и прецизност во движењата. Резултат? Затегнати и дефинирани стомачни без прекумерен притисок на рбетот.
5. Плaнк со дополнителен предизвик
Класична вежба за издржливост, но со П. бол топка под нозете или рацете, со цел телото да ги активира сите мускули и да го одржи совршениот баланс.
На крајот на секој тренинг, Џенифер никогаш не го прескокнува истегнувањето и вежбите за дишење – елементи што, според неа, се исто толку важни како и вежбите сами:
„Дури и да имате само пет минути – искористете ги за себе. Седнете во тишина, вдишете длабоко и наполнете се со енергија.“
Нејзината филозофија е едноставна, но моќна: грижете се за своето тело, и тоа ќе се грижи за вас. Токму затоа, најомилената холивудска актерка и натаму зрачи со истиот оној безвременски сјај.