Home Актуелно Трагедија: Почина инженер при минирање на рудникот „Говрлево“

Трагедија: Почина инженер при минирање на рудникот „Говрлево“

Инженер во фирма „Мак-Дрил“ од Кавадарци починал кога бил погоден од камен за време на минирање на ископ во рудникот „Говрлево“, соопшти полицијата.

Вчера околу 14:25 часот од итна медицинска помош било пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инженер во фирма „Мак-Дрил“.

Тој, како што се наведува во соопштението од МВР, при минирање на ископ во рудникот „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот.

Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…