1. Класична црна торба
Со класична црна торба никогаш нема да згрешите. Може да ја комбинирате со облека за на работа, на училиште, за шопинг или состаноци… Оваа торба ќе одолее на сите модни трендови и секогаш ќе биде во мода.
2. Торба со лента околу зглоб
Ако не сакате да носите големи торби, но сепак ви треба простор за вашите најважни ситници, тогаш торба со класичен облик, средна големина и практична рачка што се носи околу зглобот е совршено решение.
3. Торба во неутрална боја
Торба во неутрална палета секогаш е добар избор. Како и класичната црна, и оваа торба се вклопува со секаков стајлинг. Одберете ја формата и големината според вашите потреби.
4. Кежуал торба преку рамо
Секоја жена треба да има барем една кежуал торба за секојдневна употреба. Многу модни брендови нудат популарни „кросбоди“ модели, достапни во различни големини, бои и детали што лесно ќе одговараат на вашиот стил.
5. Металик чантичка
Металик чантичка е апсолутен „маст хев“ за вечерни излегувања, специјални настани, прослави, венчавки… Изберете сребрена, златна, светкава варијанта или, според моменталните трендови, топла бакарна нијанса која посебно се издвојува.
6. Чантичка со синџир
Ако сакате модерен и женствен изглед, изберете чантичка со синџир наместо со класичен ремен. Овие чанти секогаш додаваат доза на гламур и се едни од најелегантните модни додатоци.
7. Забавна торба
Ако сакате да внесете веселост во вашиот изглед, пробајте нешто поразлично како што се торби со реси, во блок бои или со крзно. Ваквите торби го изразуваат вашиот уникатен стил. Одберете дизајн кој ќе ви причинува задоволство и ќе се вклопи со вашиот карактер.
8. Торба во поп-бои
Излезете од комфорната зона и додадете шарм со торби во креативни и впечатливи бои. Научно е докажано дека светлите бои го подобруваат расположението, па затоа не се двоумете да внесете неколку шаќливи парчиња во вашата колекција.
9. Викенд торба
Кој не сака да избега некаде за викенд? Преголемата викенд-торба ќе ви даде модерен изглед дури и додека патувате. Практична, но и стилска, таа е идеален избор за кратки патувања.
10. Модерен ранец
Ранците одамна не се само за училиште. Тие се функционални, удобни и сè почесто се користат како модни детали за современата жена. Одлични за секојдневна употреба и полетен изглед.