Home Живот и здравје Томато диета – ослабете 5 килограми за 6 дена

Томато диета – ослабете 5 килограми за 6 дена

Диета со домати – ослабете 5 килограми за 6 дена

За оние кои не можат долго да бидат на диета, препорачуваме брза диета со домати која гарантира успех.

Оваа диета трае само шест дена, во текот на кои може да изгубите до пет килограми. Покрај тоа, ќе го исчисти вашето тело од токсини.

Диетата базирана на домати е многу едноставна – четири оброци дневно, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, исто така дозволени се чаеви без шеќер, а леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Домати може да консумирате свежи, варени, печени во рерна или на скара.

Прв и четврти ден

Појадок: Салата од домати со 50 грама сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца и 30 грама леб.

Ужина: 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек: Тестенини со доматен сос (сосот е направен од 400 г свежи домати или 350 г конзервиран доматен пире, зачини по вкус).

Вечера: Супа од домати со зеленчук. Додадете магдонос и лажица павлака.

Втор и петти ден

Појадок: Грчка салата и 30 грама леб.

Ужина: 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек: Печени полнети домати со спанаќ и ориз.

Вечера: Подгответе супа од две главици сечкан кромид, продинстани на маслиново масло, филе од ослич, два големи домати, зачини и лажица павлака.

Трет и шести ден

Појадок: Омлет со домати, 30 грама леб.

Ужина: 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек: Пилешко месо (150 грама) во доматен сос со печурки.

Вечера: Говедско месо на скара (130 г) и шопска салата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Состојка што мора да ја вклучите во исхраната за време на летните горештини – разладува подобро од клима уред!

Летото е во полн ек, асфалтот пламти, а клима-уредите работат во четири смени. Сонцето без…