
Емоционалниот живот на Цеца Ражнатовиќ веќе извесно време е мистерија за јавноста
Instagram/cecaraznatovic
Емоционалниот живот на Цеца Ражнатовиќ по раскинувањето со Богдан Срејовиќ остана под превез на тајна.
Никој, а најмалку медиумите, не се запознаени со тоа дали пејачката е заљубена и, ако е, кој е мажот кој и шепоти најубави љубовни стихови навечер.
Бидејќи се изгоре во аферата со Срејовиќ, кој инаку е поранешен сопруг на сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, и дозволи повеќе од вообичаено јавноста да ѕирне во нејзиниот приватен живот, Цеца донесе одлука повеќе да не зборува за љубовта.
Ивица Веселинов/ATA Images
Сепак, сега направи исклучок и откри дека е сама
– Бидејќи сум сама, затоа добро изгледам… Добро гаражиран олдтајмер! – изјави Цеца во свој препознатлив стил.
– Се чувствувам одлично, ми е добро, мојата среќа не зависи од партнер! Имам многу причини да блескам, се сметам за остварена и задоволна жена… Имам пријатели, публика што ме следи низ целиот свет, па што повеќе да посакам? – додаде таа за „Премиера, викенд специјал“.
Откри и кога последен пат ја посетила Анастасија во Шпанија.
– Последен пат во Шпанија кај Анастасија бев минатата година, навистина не успеав да најдам време од сите обврски – изјави музичката ѕвезда.