Тевдовски: Референдумот нема да предизвика ребаланс на буџетот


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Средствата одвоени за референдумот се од резервни функции на државата и нема да предизвикаат ребаланс на Буџетот, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски при денешна посета на Велес.

Тој рече дека е точно оти ќе бидат обезбедени 80 милиони денари за референдумот и дека „апсолутно“ нема да предизвикаат ребаланс на Буџетот:

„Тоа е доделено како план за трошење од резервните функции на државата“, изјави Тевдовски.

Во однос на тоа како ќе се трошат средствата, тој рече дека Собранието е овластен предлагач и според законот тоа има право да ги користи овие средства.

Извор: Радио Слободна Европа