Тејлор Свифт појака од Бијонсе за 100 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според листата од престижното списание Forbes со најплатени пејачки во светски рамки, убедливо восцарена на челната прва позиција котира Тејлор Свифт.

Со заработка од 185 милиони долари за 2019, Тејлор Свифт се наоѓа на прво место на листата на Forbes за најплатени пејачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift) on

Свифт убедливо зад себе ја остави досега неприкосновената Бијонсе, која има над 100 милиони помалку заработувачка за оваа година.

Трета е Ријана, четврта Кети Пери, а петта е Пинк. Тејлор Свифт со својот нов седми албум, доминираше и на доделувањето на наградите на МТВ ВМА, каде покрај Адријана Гранде, беше музичарка со најмногу номинации.

Тејлор се најде и на листата на најдобро платени ѕвезди воопшто и ја надмина дури и најмладата милијардерка Кајли Џенер, која остана на второто место. Топ листата на најдобро платени пејачки изгледа вака:

10. Шакира 35 милиони долари

9. Селин Дион 37,5 милиони

8. Лејди Гага 39,5 милиони

7. Џенифер Лопез 43 милиони

6. Ариана Гранде 48 милиони

5. Пинк 57 милиони долари

4. Кети Пери 57,5 милиони долари

3. Ријана 62 милиони долари

2. Бијонсе 81 милиони долари

1. Тејлор Свифт 185 милиони долари