Home Вебкафе Татко за својата загината ќерка нарачал бизарен надгробен споменик во форма на „ајфон“

Татко за својата загината ќерка нарачал бизарен надгробен споменик во форма на „ајфон“

На гробиштата во рускиот град Уфа, локалните жители забележале бизарна надгробна плоча.

Споменикот е подигнат во облик на телефон „ајфон“ за Рита Шамијева, која загинала во сообраќајна несреќа во 2016 година.

Бизарниот споменик го нарачал таткото на Рита, Раис.

Работникот на гробиштата, Николај Евдокимов, изјавил оти мислел дека халуцинира кога го видел споменикот. „Од каде американски „смартфон“ на нашите гробишта? Огромен е, бев изненаден. Сум видел многу споменици, но вакво нешто не“ – рече тој.

Каменорезачот што го направил овој бизарен споменик сè уште не е познат, но постои сомневање за една фирма од Новосибирск која веќе имала слични дела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …