Тајната на младешкиот изглед на Јапонките – намирница која сите ја имаат дома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќето жени, но подеднакво и мажите, се воодушевени од младешкиот изглед на Јапонките, кои дури и во подоцнежните години речиси немаат брчки.

Негата со природни препарати е тајната за подмладување на Јапонките, особено маската од компир. Навлажнува, храни, подмладува и благодарение на своите антибактериски својства ги стеснува порите и помага во отстранување на акните. Освен што ги брише трагите од староста на лицето, компирот ја осветлува кожата и ги отстранува флеките од лицето.

Компирот е богат со витамин Ц, тој е еден од најмоќните антиоксиданси, благодарение на кој се поддржува синтезата на колаген, ја осветлува кожата и ги спречува штетните ефекти на слободните радикали. Содржи и витамин Д и Б витамини, кои ја стимулираат циркулацијата и го намалуваат ширењето на крвните садови, го олеснуваат зараснувањето на раните и спречуваат појава на акни и инфекции на кожата. Суровиот компир содржи голема количина на калиум, бакар и сулфур, кои се најважните состојки потребни за длабинско чистење на кожата.

Маската со компир ја навлажнува и ја храни кожата, ја подмладува, помага да се ослободите од акните, ја матира кожата, спречува промена на тенот и хиперпигментација, ги отстранува темните кругови под очите, ги стеснува порите.

Еве еден оригинален јапонски рецепт за маска од компир, за која се верува дека е главниот адут на Јапонките и нивниот младешки изглед.

Рецепт за маска од компир

Состојки:

компир

јајце

2 лажички палента

една лажичка густ јогурт

Подготовка:

Компирот измијте го, излупете го и изрендајте го на ситно ренде. Ренданиот компир процедете го низ цедалка. Во водата што ќе ја добиете од компирот, додајте го јајцето и измешајте. По мешањето додадете 2 лажички палента и една лажичка погуст јогурт. Вашата маска е подготвена.

За полесно нанесување на лицето, бидејќи е прилично течна, натопете туфер во смесата и рамномерно нанесете на лицето. Оставете да делува 20 минути, а потоа прво исплакнете со млака вода, а потоа со ладна. Набргу ќе почувствувате забележлива разлика. Вашата кожа ќе стане хидрирана, подмладена и посјајна.