Тајна венчавка: Мајли Сајрус скришно кажа „да“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според една фотка која ја објави пријател на наводно новопечениот славен брачен пар, западните медиуми пренесуваат дека популарната пејачка Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт, во присуство на најблиските роднини и пријатели, тајно се венчале во својот дом во Тенеси.

Нивниот пријател Конрад Кар на Инстагарм објавил фотки и видео од прославата на кои може да се види како пејачката и актерот се подготвуваат заедно да ја сечат тортата. Лиам е облечени во свечен костум, а Мајли во светол фустан во боја на слонова коска.

На една друга фотка од истата „дешавка“, на ѕидот стои натпис: „Господин и госпоѓа“, што наводно ги потврдува шпекулациите дека овој пат тие навистина се венчале.

Мајли и Лиам засега се без реакција околу овие информации.

Инаку, тие двајца се запознале пред 9 години на снимањето на филмот „Последна песна“ и официјално потврдиле дека се во врска од 2010 година. Две години подоцна Мајли и Лиам се свршиле, по што следувала и разделба, но многу кратко потоа тие се смириле.