Home Шоубизнис Таа го освои уште кога беше „никој“, а Кутињо признава: Без неа ништо немаше да биде исто!

Таа го освои уште кога беше „никој“, а Кутињо признава: Без неа ништо немаше да биде исто!

Кутињо моментално е една од најголемите ѕвезди во европскиот фудбал, а откако премина во Барселона за 160 милиони евра, медумите постојано пишуваат за него, па и за неговиот приватен живот.

25-годишниот Бразилец веќе десетина година покрај себе ја има година дена помладата Аине, со која почнал да се забаува кога имал 14 години. Додека беше член на Васко де Гама, Интер, Ливерпул па сега и Барселона, Кутињо секогаш покрај себе ја имаше својата сопруга.

Се запознале на една забава во Бразил и од тогаш не се разделуваат. Аине го следи секаде и го гледа секој негов натпревар.

„Аине има огромна улога во се што правам. Не одевме заедно на училиште ниту имавме заеднички пријатели, се запознавме на една забава и свативме дека тоа е тоа. Ме праша дали сакам да бидам нејзино момче. Почнавме се почесто да се гледаме и нашата врска беше се посилна и посилна. Без неа ништо не би било исто“, истакна Кутињо.

Плод на нивната голема љубов се ќерката Марија и синот Филипе Јуниор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…