Home Живот и здравје СЗО предупредува за можноста од појава на поопасна варијанта од делта сојот на коронавирусот

СЗО предупредува за можноста од појава на поопасна варијанта од делта сојот на коронавирусот

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), директорот Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта.

– Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.

Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.

– Често ме прашуваат: кога ќе заврши пандемијата. Навистина, вирусот и пандемијата не ставија пред многу прашања. Пандемијата е тест и светот не се справува со тоа, рече Гебрејесус, додавајќи дека до крајот на Олимписките игри во Токио, на 8 август, се проценува дека во светот од коронавирус може да починат повеќе од 100.000 луѓе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

7 невидливи знаци дека телото и мозокот страдаат од несоница (и кога ви изгледа дека спиете)

7 НЕВИДЛИВИ ЗНАЦИ ДЕКА ТЕЛОТО И МОЗОКОТ СТРАДААТ ОД БЕЗСОНИЦА (ДУРИ И КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА СП…