Светот ужаснат од рускиот воен масакр и ѕверските убиства во Буча – Русите ги обвинуваат за геноцид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светските политички лидери изразија јавна осуда за воените злосторства во украинскиот град Буча од страна на руските воени трупи откако истите се повлекоа од градот.

Украинските власти објавија дека 410 убиени цивили биле оставени на улиците низ Буча. Русија ќе истражува дали “Украина намерно ширела лажни информации за акциите на руските сили“

Украина во саботата објави дека добила целосна контрола врз регионот околу Киев поради повлекувањето на руските трупи од оваа област. Подоцна во саботата, украинското Министерство за одбрана објави видео на „Твитер“ на кое се гледаат украинските сили како возат низ Буча, град со околу 28.000 жители и мртви тела расфрлани низ градот.

По неколкунеделната окупација на овој град, руските трупи егзекутирале голем број цивили, произволно и без никакаква причина, соопшти Киев.

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, изјавил за АФП дека 280 луѓе биле закопани во масовни гробници.

Украина ја обвинува Русија за извршен масакр врз цивилно население во Буча, но Русија овие тврдења ги нарекува воена пропаганда. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили за геноцид.

Украинското обвинителство соопшти дека се пронајдени вкупно 410 тела во градовите во близина на Киев и дека „ќе собере и зачува докази за геноцидот предизвикан од руската агресија.

Руската војска негираше дека убила цивили во Буча, велејќи дека се повлекла од градот на 30 март и ја обвини Украина за фалсификување снимки од западните медиуми.

Илјадници загинаа во војната, а речиси 4,2 милиони Украинци мораа да ги напуштат своите домови, вклучително и 90 отсто жени и деца, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Меѓународната заедница го осуди ова воено злосторство оценувајќи дека масакрот преставува „суровост невидена во Европа со децении“. Многумина западни политичари побараа „руските власти да одговараат за овие злосторства“, нарекувајќи ги „кукавички убиства на стотици цивили “.

Премиерите на Јапонија и Нов Зеланд се приклучија кон меѓународна осуда на Москва по појавата на докази дека руските сили извршиле злосторства врз цивилите во Украина. Извештаите за украински цивили кои биле убиени, силувани и тешко ранети од страна на руските војници се неосудливи, изјави премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.

„Русија мора да одговори пред светот за она што го направи“, додаде таа.

Арденр најави дека со нејзината влада ќе разговара за дополнителни мерки за поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида ги опиша пријавените инциденти како „кршење на меѓународното право“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека руските сили може да отидат дотаму што ќе извршат „геноцид“ во Буча.

„Ќе направиме се за да се осигураме дека оние што ги извршиле овие воени злосторства не останат неказнети“, рече Санчез во Мадрид.