Home Мода и убавина Сува четка: едноставна рутина што ќе го трансформира вашето тело

Сува четка: едноставна рутина што ќе го трансформира вашето тело

Ќе ви стане омилен beauty ритуал!

Ако барате природен и едноставен начин како да ја подобрите текстурата на кожата, да ја поттикнете циркулацијата и да ѝ дадете на вашето тело здрав и блескав сјај – време е да се запознаете со техниката на суво четкање. Овој лесен, но моќен ритуал може да стане вашата нова омилена утринска рутина, со видливи резултати веќе по неколку дена.

ШТО ТОЧНО Е СУВО ЧЕТКАЊЕ?

Сувото четкање е древна техника за нега на телото која подразбира четкање на сувата кожа со четка направена од природни влакна, без употреба на вода или било какви препарати. Движењата се прават нежно и во нагорна насока – од стапалата кон срцето – и целиот процес трае само неколку минути. Освен што ги отстранува мртвите клетки од кожата, оваа техника го стимулира лимфниот систем, ја подобрува циркулацијата и ја остава кожата мека и освежена.

КАКО ПРАВИЛНО ДА ЈА СПРОВЕДУВАТЕ ТЕХНИКАТА НА СУВО ЧЕТКАЊЕ?

1. ИЗБЕРЕТЕ СООДВЕТНА ЧЕТКА
Идеалната четка има природни влакна и долга рачка, за полесно да допрете и потешко достапни места како грбот.

2. ПРАКТИКУВАЈТЕ ЈА ПРЕД ТУШИРАЊЕ
Сувото четкање е особено ефективно наутро бидејќи го буди телото и ја освежува кожата. Само неколку минути пред туширање се доволни за да го започнете денот со повеќе енергија.

3. ПОЧИТУВАЈТЕ ЈА НАСОКАТА НА ЧЕТКАЊЕ
Започнете од стапалата и движете се нагоре кон срцето. На стомакот користете нежни кружни движења. Избегнувајте го лицето и чувствителните делови на телото.

4. ЗАВРШЕТЕ СО ХИДРАТАЦИЈА
По туширањето, нанесете на кожата лесно масло или хидратантно млеко за тело за да ја задржите нејзината мекост и дополнително да ја смирите.

ЗОШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ?

Во време кога сè мора да се направи брзо, сувото четкање претставува мал beauty ритуал кој нуди чувство на грижа за себе без многу напор. Со само неколку минути дневно, ќе ѝ обезбедите на вашата кожа нежна нега, а на себе чувство на свежина и релаксација кое ќе ве следи целиот ден.

Совет плус: Следете го напредокот! По две недели редовно сухо четкање, ќе забележите помазна текстура на кожата, намалена видливост на целулитот и чувство на леснотија во телото што не може да се опише со зборови – мора да се доживее.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

СПФ секогаш при рака: 6 стикчиња за заштита од сонце во движење

SPF во џеб: 6 стикчиња за заштита од сонце додека си во движење Во време кога веќе немаме …