Home Живот и здравје Супер ефикасно: Погрижете се за флеките на кожата предизвикани од СОНЦЕТО

Супер ефикасно: Погрижете се за флеките на кожата предизвикани од СОНЦЕТО

Пигментацијата многу често се јавува како последица од излегувањето на сонце, а најчесто настануваат флеки на рацете и грбот. Кожата на рацете е најизложена на штетните фактори, а со оглед на тоа дека содржи најмалку потни жлезди, побрзо дехидрира и старее. Затоа е важно рацете редовно да ги негувате со креми кои хранат и истовремено ја штитат кожата од штетните сончеви зраци.

Ако сакате да ги тргнете флеките на рацете, пробајте ја маската за избелување која ја користат Индијките.

Потребен ви е сок од лимон и куркума во прав, која делува антивоспалително и и дава сјај на кожата.

Добро промешајте лажичка куркума во прав, со лажичка сок од лимон и нанесете на пегите, односно флеките.

По 15 минути измијте го лицето со ладна вода.

Ако имате многу чувствителна кожа, сокот од лимон разблажете го со вода, а можете и да го замените со млеко.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …