Home Актуелно Судири меѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Париз

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Париз

Француската полиција употреби солзавец во центарот на Париз на протестот против пензиската реформа.

Илјадници луѓе од цела Франција излегоа на улиците, а вработените, вклучително и наставниците, лекарите, адвокатите и вработените во Ајфеловата кула, ги напуштија работните места за да протестираат против зголемувањето на возрасната граница за пензионирање и, како што велат, да го зачуваат системот за социјално осигурување, пренесува „Макфакс“.

Училиштата беа затворени, а испитите беа откажани бидејќи наставниците му се приклучија на штрајкот. Болниците побараа од нивните вработени да обезбедат најитни услуги кога медицинските сестри, лекарите и фармацевтите исто така излегоа на улиците.

Притисокот врз претседателот Емануел Макрон се зголемува кога високиот комесар на француската влада за пензии, Жан-Пол Делевој, вчера поднесе оставка поради наводен судир на интереси, но владата засега не се откажува од плановите за зголемување на возраста за заминување во пензија на 64 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…