Судијката Кацарска ги избрка сите адвокати од рочиштето за „27 април“ и ги казни со по 1.000 евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако иамше неуспешен обид сослушувањето на загрозениот сведок во рамки на новото рочиште за случајот со собраниските настани на „крвавиот четврток“ да започне во новата зграда на Основниот суд Скопје 1, судењето беше префрлено во старата зграда.

Но, судскиот процес не започна ниту во стариот суд, оти сите адвокати се пожалиле на лошите услови. По ова сите адвокати на обвинетите од 27-ми април се казнети со по илјада евра и избркани од судницата од судијката Добрила Кацарска.

Адвокатите велат дека бркањето е скандал бидејќи судот решил да им определи бранители по службена должност на обвинетите.

Од судот нема реакција, а обвинителката Вилма Русковска вели дека непотребно се прават тензии.

Медиумите беа надвор од судница оти претходно со одлука на судијката Кацарска денешното рочиште беше затворено за јавност поради сослушување на загрозен сведок.