Суд во самопрогласената НР Доњецк осуди на смрт тројца платеници кои се бореа за украинската страна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суд во самопрогласената Народна Република Доњецк вчера осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле на страната на Украина.

Судот ги прогласи за виновни Ејден Ајслин, Шон Пинер и Саудун Брахим, кои претходно беа заробени во источна Украина.

Тие беа осудени за дејствување со цел насилна промена на власта и тероризам.

Имаат рок од еден месец да поднесат жалба.