Студен и ветровит понеделник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, понеделник, 3. април, во Македонија ќе имаме облачно време, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2).

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, a дневната температура ќе достигна до 12 Целзиусови степени. Маврово 5, Охрид и Битола 9, Крива Паланка 10, Берово 8, Кавадарци 12, Дојран 13.

Утре времето ќе биде претежно облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во Скопје облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 1 до 10 степени.