Стравични глетки: Пожарите во Австралија видливи и од вселената


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На интернет се споделуваат стравични сцени и фотографии од пожарите кои предизвикаа пекол во Австралија фотографирани и сниени од 36.000 километри од вселената.

Разорните пожари и огромната количина на дим во Австралија се забележуваат и од сателитите во вселената оддалечени илјадници километри од Земјата.

Причина за пожарите во кои досега загинале најмалку 18 лица се високите температури и силните ветрови. Според научниците и експертите високите температури се последица од климатските промени предизвикани од лошото однесување на луѓето, и нашето непочитување на природата. Пред се со неконтролираното емитирање на штетни гасови.

Според последните проценки огнот во Австралија уништил повеќе од 14 хектари природа, усмртил околу половина милијареди животни и раселил стотици илјади луѓе.

На фотографиите направени од Вселената може да се види дека чадот се простира од Европа до Нов Зеланд.

Фотографиите ги направил сателитот на јапонската метеоролошка агенција „Хумавари-8“кој се движи околу иста точка над Земјата на височина од скоро 36000 километри.