Home Вебкафе Стравична сообраќајка во Загреб: Со Ауди однесе цела трамвај станица (снимка)

Стравична сообраќајка во Загреб: Со Ауди однесе цела трамвај станица (снимка)

Во ноќните часови недела спроти понеделник минатиот викенд, во Загреб се случи стравична сообраќајна несреќа која, за среќа, помина без жртви и загубени животи.

Во раните утрински часови возач на автомобил „Ауди“ со голема брзина удрил во трамвајска станица во близина на главната пошта.

Полицијата соопшти дека 31-годишник управувал со личен автомобил марка „ауди А6“ со загрепски регистарски таблици, а се движел по улицата Кнез Бранимир во насока кон запад.

Тој од сообраќајната лента за вртење десно продолжил да се движи право поради што со предните тркала налетал на пешачки остров за насочување на сообраќајот и поминал преку него налетувајќи на два столба на пешачки семафори. Потоа продолжил да се движи по станица на трамвај и со предниот дел налетал на оградата и натстрешницата.

Сѐ се гледа на снимката од безбедносната камера која е објавена на социјалните мрежи. Во сообраќајната несреќа е тешко повреден 31-годишниот возач кој управувал со автомобилот и пружена му е лекарска помош.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Правилото на 2 минути што ќе ви го промени животот

Дали некогаш сте се фатиле како одложувате некоја ситна задача, велејќи си себеси: „Ќе ја …