Home Вебкафе Страшна несреќа: Крокодил уби фудбалер!

Страшна несреќа: Крокодил уби фудбалер!

Младиот 19-годишен фудбалер Алберто Гино, член на фудбалскиот клуб Атлетико Минеиро де Тете од Мозамбик, смртно настрада откако беше нападнат од крокодил на реката Замбези.

Младиот фудбалер по тренингот одлучил да се освежи во реката, кога бил нападат од крокодил кој му нанел смртоносни повреди.

„Тој се одлучи да се освежи, а крокодилот се појави за неколку секунди. Го зграпчи за ногата и го одвлече. Подоцна го пушти, но веќе беше доцна. Пријателите кои беа во близина слушнаа врисок но не можеа да направат ништо. За жал, повредите беа смртоносни“, изјави тренерот на фудбалскиот тим, Еди Карваљо.

„Тагуваме за нашиот играч, брат, пријател, син. Имаше само 19 години и светла иднина“, изјавија од фудбалскиот клуб

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Не одиш на одмор? Нема врска – 5 начини како викендот во град да стане вистинско летно освежување

Не одиш на одмор? Нема гајле! Не, не мора секој одмор да биде со куфер во багажот, пат кон…