Страшна експлозија во зграда – повредени 25 лица!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во германскиот град Вупертал се случи страшна експлозија во станбена зграда, при што се повредени 25 луѓе, од кои четворица имаат тешки повреди, соопшти денеска локалната полиција.

Експлозијата се случи синоќа пред полноќ, а истрагата за причината за експлозијата е во тек. Пожарникарите и денеска го гаснат огнот. Неколку мали пожари избувнале внатре во зградата, а пожарникарите, освен на огнот, мора да внимаваат и на тоа што делови од зградата постојано се уриваат.

„Во моментов не може да се исклучи дека во зградата има и други луѓе“, изјавија од полицијата. Акцијата за спасување е во тек. Инженери се обидуваат да ги стабилизираат делумно урнатите згради за да спречат целосно паѓање.

Полицијата го опиша местото како „целосно уништен простор“, а фотографиите прикажуваат купишта урнатини околу зградата.

Експлозијата се случила во повеќекатница пред полноќ, со големо треесење, а луѓето од блиските згради истрчале на улица во паника. Детонацијата била толку силна што го уништила поткровјето на зградата и првите три спрата, објави германската новинска агенција ДПА.

Оган избувнал во неколку различни делови од зградата, а пожарникарите имале проблеми со пламенот, бидејќи делови од зградата постојано се уривале. Тие успеале да спасат четири тешко повредени лица од внатрешноста на зградата и да ги однесат во болница.

Еден автомобил во близина е уништен, кој останал затрупан под прозорски рамки кои биле разнесени врз него од експлозијата. Полицијата не сака да коментира на прашањето дали експлозијата би можела да биде поврзана со тероризам.