Столтенберг порча: Ниту НАТО, ниту САД не можат сами да се носат со предизвиците кои следуваат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека ниту една членка на НАТО, ниту самиот пакт не може самостојно да се соочи сам со предизвиците за следната декада и сите треба да се спротивстават на барањето национални решенија за тие предизвици, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Предизвиците со кои ќе се соочуваме во следната деценија се поголеми отколку што може да се справи секој од нас самите. Ниту самата Европа ниту самата Америка.Затоа, ние мора да му се спротивставиме на искушението за национални решенија “, изјави Столтенберг во говорот во кој ја истакна својата визија за Северноатлантската алијанса до 2030 година.

Тој ги претстави своите ставови за иднината на НАТО во следните 10 години на видео-конференција организирана од две влијателни тинк-тенкови – Атлантскиот совет и German Marshall Fund of the United States.

Столтенберг одби да ги коментира најавите на анонимни американски владини извори дека претседателот Доналд Трамп планира да го намали американското воено присуство во Германија за 9,5 илјади луѓе од 34.500 на 25.000.

„Не сакам да шпекулирам за протекување или шпекулации во медиумите. Она што можам да кажам е дека ние сме во постојани консултации со Соединетите држави и другите сојузници за позицијата и присуството на нашите сили во Европа“, рече Столтенберг.

Столтенберг рече дека разговарал со Трамп за потребата од „зачувување на силата на НАТО“.

Во својот говор, генералниот секретар на НАТО рече дека коронавирусот ги променил нашите животи повеќе отколку што секој можел да замисли и дека ги засилил „постојните трендови и тензии кога станува збор за нашата безбедност“.

Тој посочи дека Русија неискрено ги продолжува своите воени активности, дека се охрабрени ИСИЛ и другите терористички групи и дека државните и недржавните актери продолжија да промовираат дезинформации и пропаганда.

„Прашањето за НАТО во 2030 година е како да се прилагоди на оваа нова нормалност“, рече Столтенберг.

За ова прилагодување да биде успешно, Столтенберг потенцира дека НАТО мора да остане воено силен, да биде повеќе политички обединет.

„Ние мора да продолжиме да инвестираме во нашите вооружени сили и во современите воени способности. Тие ни гарантираа безбедност повеќе од 70 години и продолжуваат да го прават тоа и денес.Безбедноста е основа за нашиот просперитет, сега и во иднина. Но, воената сила е само дел од одговорот. Исто така, треба повеќе да го искористиме НАТО, политички “, рече Столтенберг.

Ова, според Столтенберг, значи дека сите прашања што влијаат врз безбедноста мора да се најдат „на масата на НАТО за да можеме да постигнеме посилен консензус, побрзо и на посистематски начин“.

Ова важи за прашања како што се блискоисточниот конфликт, глобалната контрола на оружјето и безбедносните последици од климатските промени.

„Користењето на НАТО на политички начин значи користење на повеќе алатки, воени и невоени, економски и дипломатски“, рече генералниот секретар.

НАТО има 30 земји членки од Европа и Северна Америка, каде живеат приближно една милијарда луѓе и претставува 50% од вкупната воена и економска моќ во светот.