Сто дена живот под вода – универзитетски професор започна комплексен експеримент


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Универзитетскиот професор Џо Дитури од универзитетот во Јужна Флорида започна тежок и физички комплексен експеримент во чии рамки ќе се обиде да помине 100 дена затворен во капсула под вода заради биолошко истражување со цел да открие какво влијание тоа ќе има врз неговото тело.

Официјалното соопштение за печатот од универзитетот потврди дека Дитури, кој исто така има докторат по биомедицинско инженерство, се обидува да ја „тестира медицинската технологија која би можела да спречи огромен број човечки болести“.

„Човечкото тело никогаш не било толку долго под вода, така што ќе бидам внимателно следен. Оваа студија ќе ги испита сите начини на кои ова патување влијае на телото, а мојата претпоставка е дека ќе има подобрувања во здравјето поради зголемениот притисок. рече Дитури во соопштението за медиумите во кое понатаму се вели:

„Дел од работата ќе ја следат психолози и психијатри за да ги утврдат ефектите од престојот во средина слична на продолженото патување во вселената. Тоа е изолирана ограничена екстремна средина. И како луѓе, ние навистина треба да сфатиме како ќе живееме во таа средина ако сакаме да ја прошириме нашата планета и како ќе ги најдеме сите лекови што треба да ги најдеме“.

55-годишнииот професор ќе престојува во простор од 100 квадратни метри, 9,14 метри под површината на водата и ќе држи часови по биомедицинско инженерство преку интернет, додека медицинскиот тим строго ќе следи што се случува со неговото здравје. Пред, за време и по проектот, Дитури ќе биде подложен на психосоцијални, психолошки и медицински тестови кои вклучуваат тестови на крвта, ултразвук и ЕКГ.

„Многу мои колеги во војската претрпеа трауматски повреди на мозокот и сакав да научам како да им помогнам. Знаев дека хипербаричниот притисок може да го зголеми протокот на крв и претпоставив дека може да се користи за лекување на трауматски повреди на мозокот. Претпоставив дека со примена на познати механизми, ефектите на хипербаричната медицина би можеле да се користат за лекување на широк спектар на болести“, објасни тој.

Доколку успее во својата мисија, Дитури ќе постави нов светски рекорд за најдолг живот под вода, кој во 2014 година го поставија двајца професори од Тенеси.

„Се што ни е потребно за да преживееме е овде на планетата. Се сомневам дека лекот за многу болести може да се најде во неоткриени организми во океанот. За да дознаеме, потребни ни се повеќе истражувања“, додава Дитури и забележува дека е подготвен да биде под вода 100 дена за да го докаже своето тврдење.