Home Вебкафе Стигна сладоледот Киндер Буено и изгледа фантастично! (фото)

Стигна сладоледот Киндер Буено и изгледа фантастично! (фото)

„Спојот на фантастичниот сладолед од лешник со парчина од Киндер чоколадо во крцкав корнет и слој од кремот Фереро“ стои во опсиот на сладоледот на страната од германскиот бренд за сладоледи Лангнезе.

Нажалост, сладоледот е моментално достапен само во Германија, а наскоро ќе може да се набави и во Швајцарија, Аустрија и Франција. Имено, производителите развиле маркетинг стратегија според која сладоледите ќе стигнуваат во градовите во зависност од температурата.

Сепак судеќи според возбудувањето кое моментално владее на социјалните мрежи, останува надеж дека производителите многу брзо ќе ја препознаат потребата за ова слатко нешто и во други земји.

Киндер Буено не е единствено ново слатко чудо во кое ќе можете да уживате ова лето. Имено, Киндер сладоледот доаѓа во три варијации и тоа Киндер корнет, Киндер на стапче и Киндер сендвич сладолед.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …