Home Вебкафе Статистиката во главна улога: Американците се повеќе се плашат од автоматските возила

Статистиката во главна улога: Американците се повеќе се плашат од автоматските возила

Најновото истражување во САД покажа дека постепено е во раст стравот на купувачите од автомобили со самовозачка технологија.

Овој тренд е воочен по неколкуте сообраќајни незгоди во кои учествувале ваквите возила, како инцидентите со Уберовиот тест автомобил, кој прегази жена во Ариозан или Тесла модел Х кој влета во бетонска ограда во текот на работа на „автопилотот“.

Во однос на изминатата година, недовербата кон оваа технологија во САД порасна за дури 10%, на 73%, пишува Блумберг.

Интересно е што анкциозноста ја предводат младите генерации, од 20 до 37 години, од кои 64% признаа дека се плашат од роботираните автомобили. Тоа е 15% повеќе од шест месеци порано.

Најголем страв имаат жените, од нив 83% се плашат ао автоматските возила, а 70% од нив се плашат да учествуваат во сообраќајот ако го делат патот со автомобил без возач.

Меѓутоа, и покрај ваквиот страв 55% од испитаниците сакаат да поседуваат вакво возило.

Студијата покажа дека 94% од несреќите се предизвикани поради човечка грешка. Иако несреќите во кои учествувале ваквите автомобили се медиумски експонирани, аналитичарите тврдат дека ваквите возила се многу посигурни од просечен возач.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …