Home Мода и убавина Стајлинг инспирации: 10 модерни комбинации за совршен почеток на септември

Стајлинг инспирации: 10 модерни комбинации за совршен почеток на септември

Можеби летото сè уште не сака целосно да нè пушти, но ние веќе сме во потрага по стил со кој ќе ја пречекаме новата сезона.

Август помина во еден здив – едвај забележавме кога стигнавме до септември, месец кој полека нè внесува во есенското расположение. Иако вистинските есенски температури кај нас сè уште се на чекање, ова ни дава совршена шанса постепено да ја трансформираме гардеробата и да се подготвиме за деновите кога температурите ќе почнат да паѓаат.

Сега, по враќањето од летниот одмор, време е полека да ги поместиме летните парчиња кон заднината на плакарот и да оставиме простор за облека наменета за преодниот период. Лаган топ, елегантна кошула, омилен фармерки, тенок џемпер, бермуди, мокасини или балетанки – сите овие парчиња ќе бидат ваши верни сопатници во комбинација со првите есенски палта и јакни.

Во суштина, задржуваме неколку клучни летни парчиња, додека оние што се нераскинливо поврзани со летото ги оставаме на страна. Со тоа, софистицирано и префинето преминуваме во новиот сезонски ритам. Доколку ви е потребна инспирација за првите вистински есенски денови, ние сме тука – во галеријата ви предлагаме 10 стилски комбинации кои ќе ве инспирираат да зачекорите низ септември и раната есен со вкус и самодоверба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зимски гламур без трошка црна: вака Ешли Робертс носи сè во бело низ Лондон

Се вели дека црната е вечна класика, но оваа зима белата ја презеде главната улога – и тоа…