Српски „Политика“: Груевски во Унгарија стигнал преку Тирана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белградскиот весник „Политика“ во неговото денешно издание објави дека бившиот македонски премиер Никола Груевски, при неговото бегство од Македонија за да не лежи во затвор, до Унгарија стигнал преку Албанија, а не преку Србија, како што се мислеше.

Весникот наведува дека Груевски со лажен пасош преку ноќ ја преминал македонско-албанската граница по што бил прифатен во унгарската амбасада во Тирана. Со првиот лет на Малев утрината, Груевски од Тирана директно стигнал во Будимпешта во 10 часот претпладне, наведува „Политика“, по што се огласи на Фејсбук.

„Посадата на авионот немала поим кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнал ниту во авионот“, пишува весникот.

Инаку, авиокомпанијата Малев не работи од 2012 година.