Средношколци и студенти ги подаруваат своите платежни картички на социјално загрозени семејства


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниве денови по социјалните мрежи, но и на страниците за огласи, се појавија добар број на објави од средношколци и студенти кои се откажуваат од своите ваучери од 3.000 денари.

Истите информираат дека ќе ги донираат овие средства на социјално загрозени семејства, и по пат на социјалните мрежи бараат информации од јавноста, на кое семејство би можеле да му ја донираат сумата.

Ваучерите, односно домашните платежни картички во износ од 3.000 денари ги доделува Владата за средношколци и студенти, и се наменети за купување на домашни производи и услуги во одредени дејности кои се најпогодени од кризата.

-Ја подарувам мојата картичка од мерката Купувам домашно, на фамилија на која и попотребна од мене. Како студент ми следуваат 3.000 денари, пишете ми доколку познавате такви семејства и јавете ми како да исконтактирам со нив – често може да се прочита на страниците со огласи изминативе денови.

Овие хумани гестови на младите луѓе наидоа на голем поздрав од широката јавност.

Поради солидарноста која ја покажаа во време кога голем број на семејства се во финансиска криза поради актуелната пандемија, чести се коментарите дека овие младинци се светла точка во човештвото.

Со одлуката на Владата за доделување на три типа на парична поддршка, ваучери за средношколци, студенти и млади лица до 29 години, за да се подобри куповната моќ, се опфатени околу 100.000 корисници, а ќе се потрошат околу 12 милиони евра.