Средба Путин-Иванов: политичката ситуација во Македонија да се развива согласно уставот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја. Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, рече претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва.

Рускиот лидер истакна дека е задоволен што македонско-руските односи се унапредуваат и „има позитивно движење во економската размена“.

Иванов од своја страна изрази ообено задоволство што токму на овој ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј има средба со рускиот колега.

„Посебно задоволство ми причинува и добивањето на признанието на Меѓународниот фонд за единство на православните христијански нации што го носи името на Неговата Светост, патријархот Алексеј Втори. Ова признание ни е дотолку позначајно и подраго бидејќи се доделува за 2016 година, година кога одбележавме 11 века од упокојувањето на Св. Климент Охридски, најверниот и најталентираниот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Живата Кирило-Методиева традиција и денес ги поврзува нашите братски народи“, рече Иванов на средбата со Путин.