Средба на тројката Заев, Мицкоски, Џафери пред седницата за Законот за јазици – протести пред Собрание


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според дневниот ред на Собранието на Република Македонија, денес во 13 часот треба да продолжи расправата од 32-та седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање.

Останува да се види дали ќе бидат отфрлени овие амандмани и директно ќе се помине на гласање. Токму поради тоа, пред неколку минути во законодавниот дом пристигнаа Зоран Заев и Христијан Мицковски, на средба со претседателот на Собранието Талат Џафери во обид да се постигне договор по ова прашање, односно гласањето да помине во демократска атмосфера. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека пратениците од оваа партија ќе присуствуваат на седницата.

Пред Собранието, истовремено, веќе се одржува протест насочен против донесувањето на споменатиот закон.

Пред два дена премиерот Зоран Заев изјави дека оваа недела ќе биде изгласан законот. Законот за употреба на јазиците, кој беше донесен со 69 гласа, беше вратен со непотпишан указ во Собранието од страна на претседателот Ѓорге Иванов и со низа забелешки, врз основа на кои ВМРО-ДПМНЕ ги подготви над 35.000 амандмани.

(Фото: Нова Македонија)