Средба на Шапуриќ и Жбогар за поддршка на домашните претпријатија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, оствари средба со шефот на делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар.

Евроамбасадорот Жбогар изрази задоволство од силната посветеност на Владата за интензивирање на процесите за приближување на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Евроамбасадорот се интересираше за начинот и процедурите за усвојување на регулатива за подобрување на бизнис климата во земјата.

Министерот Шапуриќ, го запозна евроамбасадорот за определбата на Владата за донесување на прецизна регулатива за подобрување и стимулирање на домашните инвестиции во погони за производство на производи кои ќе бидат наменети за извоз и на еколошки поволни и напредни технологии, како и за определбата владата да обезбеди постепено изедначување на условите помеѓу домашните и странските инвеститори.

Шапуриќ нагласи изрази уверување дека следните извештаи на Европската Комисија ќе бидат многу попозитивни и дека сугестиите и препораките ќе бидат сериозно анализирани и ќе претставуваат патоказ во понатамошното превземање на мерки и активности.