Home Актуелно Средба Ковачевски-Кравињо: Португалецот тврди дека преговорите за Македонија со ЕУ се започнати

Средба Ковачевски-Кравињо: Португалецот тврди дека преговорите за Македонија со ЕУ се започнати

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја.

На средбата премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот.

Министерот за надворешни работи на Португалија изрази искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука беа потребни и политичка и државничка храброст. Кравињо го информираше премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.

На средбата со португалскиот министер за надворешни работи присуствуваше и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Според агендата министерот за надворешни работи на Португалија Кравињо, во рамките на официјалната посета имаше одделни средби со министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи, со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а средба е предвидена и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…