Среда со летни температури


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа јулска среда во Maкедонија времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец. Вдолж Повардарието повремено повторно ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени. Маврово 30, Охрид 29,Битола 33, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци и Дојран 36.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен во петок попладне и во сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.