Home Вебкафе Србите од Џексон повторно во „свој стил“ го прославија Божиќ!

Србите од Џексон повторно во „свој стил“ го прославија Божиќ!

Во прашање е долгогодишна традиција, која пред осум години беше во фокусот на светските медиуми, веднаш штом излезе видеото каде што мажи облечено во костуми пукаат во воздух со ловџиски пушки, а на тој начин го прославуваат Божиќ.

Таканаречениот „српски Божиќ во Џексон“ прославен е и оваа година.

За разлика од претходните години, овој пат во воздух се пукало од две локации – во самиот центар на градот, како и на паркингот од еден ресторан.

Традицијата трае повеќе од 100 години, а прославата вклучува парада низ централната улица околу пладне.

Поради големиот број на луѓе што го почитуваат српскиот Божиќ, украсите од продавниците не се тргаат се додека не помине овој празник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…