СПЦ за в четврток најави заедничка литургиска служба на г.г. Стефан и патријархот Порфириј во Свети Сава во Белград


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Српската православна црква на нивната официјална веб-страница најавија дека поглаварот на МПЦ – ОА архиепископот г.г. Стефан и поглаварот на Српската православна црква патријархот Порфириј во четврток во хрaмот Свети Сава ќе одржат заедничка литургија на која ќе сослужуваат сите архиереји од двете цркви.

Оваа литургија следува откако Соборот на Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека го обновува канонското едиство со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и го прифаќа статусот на најширока можна автономија со целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.

Одлуката предизвика жестоки реакции во домашната јавност, а владиката Петар е единственот од МПЦ – ОА кој се произнесе околу одлуката со која смета дека работите се придвижуваат нанапред.

Дел од српските медиуми тврдат дека деновиве има засилена дипломатија и разговори меѓу двете цркви и дека некои високи членови на МПЦ – ОА се веќе во Белград.

За домашните аналитичари, во недостаток на официјални информации од македонска страна, одлуката на Саборот на СПЦ е чекор назад, но разликата ја прави одлуката на Вселенската патријаршија која е крајна инстанца за сите спорни прашња со Српската православна црква

Два наводи или точки во одлуката на Саборот на СПЦ за сехристијански консензус за евентална автокефалност на МПЦ – ОА и дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Македонија, го привлекоа вниманието и на јавноста и на експертите.

На 9 мај Вселеншата патријаршија донесе одлука со која ја призна каноничноста на МПЦ – ОА со што по 55 години македонското свештенство може да сослужува со свештенството на сите останати правосласвни цркви во светот.

По 55 години македонската црква повеќе не е реасколничка а со вчерашната одлука на Саборот на СПЦ останува времето да покаже дали е на чекор поблиску, или подалеку од автокефалност.