СПОДЕЛИ МУЗИКА: Анастасија – „Pass Over“, во живо на антички театар, Охрид, 2001


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Анастасија, иако денес веќе бивш музички проект, три децении го држи статусот на култна македонска музичка група со уникатен спој на византиско пеење, црковна музика и етно ритми.

Групата ја сочинуваше триото Горан Трајковски, Златко Ориѓански и Зоран Спасовски. Издадоа три еднакво култни и до денес според многу параметри прогресивни и ненадминати албуми – „Пред дождот“ (1994), „Мелургија“ (1997) и „Ноктурнал“ (1998). Работеа музичка за театарски претстави, филмови и ТВ програми.

Авторски потписници е на саундтракот за најдобриот и најнаградуван филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Пред дождот“, а ја работеа музиката и за „Тајната книга“ на Владо Цветановски. Албумот „Пред дождот“ беше распродаден во илјадници примероци ширум цел свет и ја понесе етикетата на PolyGram Records.

Анастасија беше и остана група која сруши многу бариери и втемели нови музички стандарди и вредности на македонската музичка сцена.