Home Актуелно Сончева среда со мала облачност

Сончева среда со мала облачност

Денеска, среда, 6. април, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени. Маврово 14, Охрид 17, Битола и Крива Паланка 18, Берово 16, Кавадарци 21, Дојран 20.

Утре ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…