Home Актуелно Сончева и топла среда со попладневен пороен дожд

Сончева и топла среда со попладневен пороен дожд

Денешната јулска среда во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 33 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка и Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 37.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури ќе се движат од 27 до 37 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…