Сончев вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, вторник, 1. март, најниска температура од -9 Целзиусови степени во 7 часот утрово беше измерена во Маврови Анови и во Берово. Следат Скопје кај Петровец со -7, -6 Штип, Битола, Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, -5 Попова Шапка, Куманово, Прилеп, Претор, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Гевгелија, -3 Kрушево, Дебар, -2 Виница, 0 Дојран.

На Попова Шапка се измерени 54 сантиметри снег, 50 во Крушево, 43 во Маврови Анови и 14 во Пожаране.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска претежно сончево со мала до умерена тенка облачност поизразена на северот од земјата. Ќе дува слаб северозападен ветер вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 Целзиусови степени.